Скопска апелација им ги одби жалбите на уште 7 притворени за настаните од 27 април

0
134

Скопскиот апелационен суд на денешната затворена седница ги одби како неосновани жалбите за изречениот притвор на уште седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување, во врска со настаните од 27-ми април 2017 година во македонскиот Парламент.

Според оваа одлука, Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска остануваат во притвор.

– Апелацискиот суд по одржаната нејавна седница на ден 15.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите ИЦ,А.А,Љ.А,Ј.Ч,Ј.Т,С.В,ЕД,се наведува во соопштението од скопска Апелација објавено на нивната веб страница

Во петокот, на 12 јануари, Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Апелацискиот суд по одржаните седници на 11 и 12 јануари, соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here