ЕКСКЛУЗИВНО: СЈО ВОДИ ИСТРАГА ЗА ОРЦЕ КАМЧЕВ

2
7719

Предмет на истрагата која што најверојатно ќе ја води Специјалното јавно обвинителство е поврзана со земјиштето спроти „Рамстор“

 

Специјалното јавно обвинитекство, според сознанијата до коишто дојде „ПРАВОСУДСТВО.МК“, отворило истрага која се однесува на продажбата на земјиштето спроти „Рамстор“, во центарот на Скопје, а како осомничен се води сопственикот на „Орка холдинг“, Јордан Камчев.
Според информациите со кои располага „ПРАВОСУДСТВО.МК“, Специјалното јавно обвинителство веќе доставило барања до редовните обвинителства за предавање на веќе отворени предмети, а во кои тие или не постапувале или носеле одлуки со кои само формало констатирале дека во купувањето на земјиштето зад „Рамстор“, во 2007 година, немало ништо незаконски.
Имено, СЈО веќе ги информирала редовните обвинителства дека тие веќе оформирале предмет кој се однесува на продажбата на земјиштето и дека зад продажбата се криел токму бизнисменот Орце Камчев.
“Предмет, во врска со продажбата на земјиштето спроти ‘Рамстор’, во 2007 година, се сомневањата дека зад продажбата на земјиштето на фирмата ‘ХЛХ МАЦ ЛЛП’ ДООЕЛ, каде треба да се гради хотел, се криел бизнисменот Орце Канмчев, а за кој предмет, според соопштението на Обвинителството, издадено во месец март 2010 година, била донесена резолуција дека нема место за превземање на обвинителски дејствија. Нема информација кој година е заведен предметот, заради што како можен период за пребарување траба да стои периодот од 2007 до 2010 година“, се вели во барањето на СЈО.
Сомневањата на СЈО одат до таму што тие освен што потврдуваат дека веќе постои оформен предмет, туку и тоа дека имало плаќања на фактури од македонски компании во Панама, за наводно извршени услуги кон компании регистрирани преку панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, а која се поврзува со Орце Камчев и со офшор фирмата „Десимарг Лимитид“, инаку основана на Бахамите, токму преку споменатата адвокатска канцеларија.
Како што е познато, кратко време по преземањето на власта од ВРМО-ДПМНЕ, во 2006 година, се случи птодажба на птредметното земјиште со најава дека ќе се гради репрезентитев хотел и дека, наводно, како сопствени се јавувал еден британски политичар.
Пред нешто повеќе од две години домашната јавност беше шокирана откако во јавноста беа обелоденети информации за илегални трансаакции во насока на Белизе, Бахами, Панама и некои други земји, а од каде непознати компании се јавуваа како инвеститори или купувачи на вредни макаедонски компании.

Она што беше заеднички именител на овие инвеститори е тоа дека не се знаеше кои се вистинските сопственици. Меѓу најчесто споменуваните купувачи се споменуваше и бизниснменот Јордан Камчев кој, пак, во два наврата беше повикуван на распит во СЈО, во старите простории на ова Обвинителство.
За него СЈО не се кажа дали е повикуван како осомничен или како сведок, дотолку повеќе што во јавноста се шпекулираше дека токму Камчев е тој кој ќе биде заштитен сведок на СЈО за предмети со многу криминал и корупција.

 

 

(Љ.Станковиќ)

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here