ЕКСКЛУЗИВНО: СЈО ИСТРАЖУВА НОВИ КРИМИНАЛИ ПОВРЗАНИ СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТИШТАТА

1
3831

Се очекува во наредните денови, во СЈО, во својство на оштетен да се појави и министерот Горан Сугаревски за да посведочи за промашената траса и незавршената експропријација на земјиште, на трасите Кичево – Охрид и Скопје – Штип

 

Специјалното јавно обвинителство води нова постапка која се однесува на направените милионски штети со изградабата на двете делници од автопатот Скопје-Штип и Кичево-Охрид.
Според сознанија до кои дојде „ПРАВОСУДСТВО.МК“, во својство на оштетени, деновиве, на распит треба да бидат повикани актуелниот министер за градежништво, урабизам и сообраќај, Горан Сугаревски и Зоран Тунтев, директор на Агенцијата за државни патишта.
Од споменатите двајца, всушност, се очекува да ги потврдат еднаш веќе изречените обвинувања на сметка на поранешната власт дека, во должина од седум километри, е промашена трасата на делницата од автопатот Кичево-Охрид, но и тоа дека не е завршена експропријацијата на земјиштето на трасата Миладиновски – Свети Николе, односно на автопатот Скопје-Штип.
СЈО, според сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ веќе има направено точна пресметка на штетите од изградбата на автопатишатата, коишто ги започна минатата власт, а кои се предмет на кривичен прогон поради милионските провизии, но н покрај тоа што СЈО е пред комплетирање на пресметките на штетите, сепак, ќе причека на крајнот износ се додека не бидат комплетирани и исказите на сите повикани сведоци.
„ПРАВОСУДСТВО.МК“ нема сигурна потврда за тоа кон кого е насочена новата истрага, но нашите извори велат дека тоа се истите оние кои се веќе обвинети за случајот „Траекторија„, односно за екс-министрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, како и поранешниот директор за Агенцијата за патишта, а не треба да се исклучи можноста со истрагата да биде опфатен и поранешниот премиер, а сега неколкукратно обвинетиот Никола Груевски.

Инаку, случајот „Траекторија“, СЈО го поведе поради поради тоа што Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски сториле тешки злоупотреби на службената должност и овластување со тоа што презеле повеќе дејства во однос на избор на компанија која ќе ги гради делниците Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, а со што го оштетителе државниот буџет за 155.117.172 евра.

(Љ.Станковиќ)

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here