Осомничен и екс-градоначалникот на „Центар“ Владимир Тодоровиќ

2
4251

Поранешниот градоначалник на Општина „Центар“ и сопственик на трговскиот синџир маркети „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, според сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ е осомничен од Специјалното јавно обвинителство.
Според сознанијата до кои дојде „ПРАВОСУДСТВО.МК“, Тодоровиќ се сомничи за работи поврзани со изградбата на мостот „Око“, а за што веќе има отворено истрага за повеќе лица.
Имено, нашите информации говорат дека Тодоровиќ, кон средината на овој месец, во својство на сведок, бил повикан на распит во СЈО, но од исказот што тој го дал, на 20. овој месец, односно минатата среда, произлегло и тој самиот бил инволвиран во законските нерегуларности и од позиција на сведок, тој бил трансфериран во осомничено лице.
Како што веќе пишуваа некои медиуми за изградбата на мостот „Око“ освен СЈО, свои постапки водат и редовните Обвинителства и Финансиската полиција и дека како осомничени се јавуваат неколку лица.
Истрагата за мостот „Око“, кој претставува само дел од проектот „Скопје 2014“, е прва која е директно насочена кон Владимир Тодоровиќ. Неговото име се врзуваше со нерегулалните избори за градоначалник на Општина Центар, во 2013 година, кога за потребите на неговата кандидатура се носеа жители од албанскиот град Пустец. Сега осомничениот Тодоровиќ, по три прегласувања, на крајот призна пораз од кандидатот на тогашната опозиција, Андреј Жерновски.
(Љ.Станковиќ)

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here