И СУДЕЊЕТО ЗА „СОНЧЕВ ГРАД“ СЕ ОДЛОЖИ

0
573

Судскиот проце за случајот наречен „Топлик“, во кој како обвинет се јавува екс-министерот Миле Јанакиески и уште петмина други, се одложи поради зафатеност на адвокатите.
Имено, на стартот на судскиот процес кој се однесува на продажба на градежна парцела во скопско Сопиште, а за потребите на населбата „Сончев град“ беа сите шестмина обвинети, но отсуствуваа неколкумина адвокати за кои беше кажано дека се зафатени со судењето на Сеад Кочан, односно со судскиот предмет наречен „Труст“.
Судијката Татјна Михајлова, која од следната година ќе работи во Одделот за прекршоци, донесе решение со кое новиот почеток го презакажа за 30. јануари, следната година.
Специјалното јавно обвинитеалство, кон крајот на октомври минатата година, на јавноста и го претстави случајот „Топлик“, со појаснување дека се однесува на „едно раководно лице од министерството за транспорт и врски“ и уште пет други лица, од Комисијата за јавни набавки. Тие се товарат дека го оштетиле државниот буџетот за 64.206.839 денари или за милион и 44 илјади евра, односно дека прибавиле противправна имотна корист за една компанијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here