Случај „Транспортер“: „Превозот на ученици бил корумпиран до даска!“

0
420

Превозот на битолските ученици бил „корумпиран до даска“, рече Специјалниот јавен обвинител Трајче Пеливанов на денешното рочиште од судскиот процес, во јавноста познат како „Транспортер“. Ваквото обвинување доаѓа индиректно од обвинителот Трајче Пеливанов, бидејќи ваквото обвинување доаѓа од телефонскиот разговор помеѓу поранешната министерката Гордана Јанкулоска и екс министерот за финансии, Зоран Ставрески, а во центарот на разговорот е сега веќе поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески.
Имено, СЈО го товари Талески и Секретарот на општина Битола, Слободан Бончановски, дека свесно организирале скап превоз на учениви, а во што им помогнале бројни фирми кои се занимавале со овој вид на дејност, но и директори на училишта со тоа пто не формирале комисии кои би требало да ги мониторираат договорите од јавната набавка.
Инаку, самиот старт на денешното судско рочиште започна мачно со перманентни барања на бранителите на обвинетите. Адвокатите најпрво инсистираа да им бидат доставени сите докази во печатена форма, а потоа и аудио и визуелно снимање на целиот тек на постапката. На ваквите барања на одбраната реагираше Обвинителот Трајче Пеливанов кој кажа дека адвокатите и претходно имале можности да дојдат до доксазите кои што ги бараат, но дека тие тоа не го сториле. Тој потсети дека истрага за „Транспортер“ е од есента 2016 година, а дека обвинение е поднесено оваа пролет. За него е чудно тоа што се бара снимање на судења иницирани токму од СЈО!
На инсиситирањата на адвокатите реакција имаше и од судијката Ленка Давиткова која ги потсети бранителите дека тие години наназад доаѓаат во истата судница и никогаш не побарале да се снимаат судењата.
Инаку, градоначалникот Владимир Талески и другите обвинети се товарат дека со преплатување на превоззниците го оштетиле државниот буџет за повеќе од половина милион евра.
Продолжението на овој судски процес е предвиден за јануари, следната година.
(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here