Следната среда одлука за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

0
321

Пребеганиот началник во Управата за безбедности и контраразузнавање, Горан Грујевски, и неговиот близок соработник Никола Бошковски денеска се појавија во судот во Солун каде зад затврорени врати имаа судење за нивна екстрадиција во државава.
Според информациите кои доаѓаат од Солун, адвокатите на пребеганите Грујевски и Бошковски барале исклучување на јавноста. Сепак, од она што може да се дознае Грујевски во судот дошол со кеса полна со весници кои што, наводно, треба да бидат некаква потврда за делата за кои што тој кривично се гони.
Инаку, на денешото судење, во својство на сведок, требало да се појави сопругата на Горан Грујевски, а во Солун бил и неговиот скопски адвокат Петар Василев.
Следното рочиште е закажано за една недела, односни за следната среда за кога се очекува и одлука за нивна екстрадиција и судење во државава.