ЈАВЕН НАСТАП НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ( 2)

0
520

 

Доц. Д-р Лидија Раичевиќ

 

Карактеристки по кои се разликува работењето на јавните обвинители и медиумите. Можеби се чини нупродуктивно да се бараат паралели помеѓу работењто во една и во друга професија, но барајќи ги изворите за проблемите во меѓусебното функционирање се чини вреден за почит напорот да се идентификува што е тоа што е различно во новинарската и обвинителската професија и што ги спротиставува.
-Сензационализмот како појава која на еден животен настан треба да му даде моќ да привлече што е можно поголемо внимание на јавност и не само внимание туку и да предизвика интерес кај што е можно поголем број на луѓе што е карактериска својствена за новинарите. Се чини дека нивната успешност, гледаност и респект од страна на јавноста е пропорционална на степенот на сензационализам кој што ќе го презентира. Доколку добиете интервју веднаш по настан, доколку сте прв на лице место, доколку имате гостин што ретко е појавува на медиуми, моќта на сензационализмот расте, а тоа квалитет во новинарството, но не и во јавнообвинителската работа. Јавните обвинители се вклучени во најжешките настани на животот, први ги добиваат податоците зошто нешто се случило, како, кој учествувал во тоа, но од правни причини и превенирајќи правни опасности тие не ги изнесуваат во јавноста во тој момент и со тоа ја оневозмоуваат екслузивноста и сензационализмот на веста. Прашувам Дали така треба?, Дали кога потребата и на јавноста и на медиумите е најголема, јавниот обвинител треба да биде рестриктивен? Премногу воопштен и веќе познат би бил одговорот: „истрагата е во тек“, „штотуку се случил настанот прерано е за давање на изјава“, „мораме да водиме сметка за пресумпција на невиност“ и слични на нив. Целата изјава на јавниот обвинител е потребна во тој момент, меѓутоа важно е да се запамти дека таа мора да биде ослободена од сензационализам. Јавниот обвинител не смее да зборува сензационалистики, во такви ситуации тој мора да се држи само до голи факти. И тоа факти кои никого не осудуваат, не оправдуваат, и не се на ничија страна. Тоа е веќе прашање на техника и тоа се вежба затоа што многу ретко можете да сретнете луѓе кои што зборуваат елоквентно и јасно со правилно наредени факти. Но, тоа е вештина која што може да се постигне доколку на неа се работи.
-Алузија. Впрочем алузијата не е подобна ни за новинарите ни за јавните обвинители, но сепак прагот на толеранција на алузиите е поголем во медиумското известување, но за јавниот обвинител е недопустливо особено при јавен настап да прави алузии преку употреба на зборови: „наговестува“, “подзрабира“, „што сигнализира“, итн, итн. Јавниот обвинител не смее да создава претстава ниту да влијае на претставата кај граѓаните за настанот што треба да даде изјава единствено треба да води сметка изјавата да создаде претстава кај граѓаните за тоа како Јавното обвинителство работи и што превзема во случајот. Тоа значи дека таа изјава треба да биде добро промислена.
– Следната разлика се состои во тоа што инстантното постапување е состојба на која што медиумите се навикнати за нив тоа не е состојба која што не е вообичаена и поставувањето на прашања во такви моментални и непредвидени ситуации оди спонатно што не е случај за јавните обвинители.

Јавните обвинители се навикнати да работата со тешки, критични и конфликтни ситуации „сега и тука“, но давањето на изјави во такви ситуации без можност за подготовка и промисленост може да биде проблем доколку се нема искуство, не се познаваат техниките за редење на факти, не се извежба техниката за внесување на факти по фиоки и по определен редослед за да таа изјава биде една целина, а не само ехо или празен одѕив на новинарското прашање. Ако јавниот обвинител во тој момент логицира и размислува кои чекори треба да ги превземе во делот на својата работа собирање, анализа, селекција на докази, давање на наредби, раководење, внимание да не се пропушти нешто и притоа треба да даде изјава така како што е опишано погоре со логичен редослед на факти, неопходно е тоа да го вежба и во ситуации кога не е доведе да даде изјава би требало да се обидува се до оној момент додека давањето на изјава не му стане рутина или способност исто како да ја врши својата работа. Како што ниту новинарите не се исти така и јавните обвинители не се исти, па ќе забележите несмасни изјави, неартикулирани лица, погледи, гестикулација која што не е примерена на функцијата, при увид или реконструкција за тешко кривично дело на пример Убиство, широки насмевки на јавниот обвинител и слично, но сепак треба да се поработи на тоа да изјавата на јавниот обвинител има контекс, позадина, еден човечки интерес, можеби и скриена порака со смирувачки ефект, боја на целата изјава која што остава добар впечаток и не е резултат на хаотични или хистерични мисли во дадениот момент.

Пресумпцијата на невиност и јавните настапи на јавниот обвинител

Многу често сведоци сме на дилемите околу тоа дали е повредена пресумпцијата на невиност на одредено лице во која фаза на постапка се зборува за него, што притоа смее да се каже, но коментарите на сметка на пресумпцијата на невиност упатуваат на заклучокот дека овој институт или начело во кривичната постапка премногу еднострано се сваќа или толкува дека до завршувањето на постапката со правосилна пресуда не смее да се зборува за настанот и за одредени лица, всушност ништо. Но, кога би го поставиле прашањето што е пресумпција, ретко можете да добиете квалитетен и точен одговор од аспект на правна доктрина. А ако поставите прашање што е пресумпција на невиност тогаш проблемот станува утше покомплициран и најчесто ќе ги слушнете аргументите за тоа што претставува ова начело според одлуките на Европскиот суд за човекови права. Пресумпцијата значи претпоставка, претпоставка која што е соборлива во точно одреден момент, а тоа е во моментот на донесување на правосилна судска пресуда. Тоа значи дека оваа пресумпција има дејство, настапува во точно определен момент во кривичната постапка и завршува во точно определен момент, што значи има своја линија на развој, свој почеток и свој крај. Пресумпцијата на невиност е вушност претпоставка за непостоење на вина кај одредено лице и таа егзистира дека тоа лице нема вина за стореното се до донесување на правосилна пресуда и секој е должен да ја почитува таа претпоставка и кон тоа лице да се однесува како да е невино.

Тоа важи и за јавниот обвинител како учесник во постапката, но и за јавноста и за медиумите. Епа сега како се воспотавува релацијата на известување, давање на изјава или јавен настап за лице кое што е осомничено, а без притоа да се даде одговор на прашањето кој го сторил тоа, како, зошто итн, или како овие два интереса јавниот интерес за добивање на информација и интересот на кривичната постапка за почитување на пресумпцијата на невиност ќе бидат усогласени до донесување на правосилна пресуда. Ако едниот интерес јавниот интерес се повлече како интерес кој што е помалку важен од интересот да се сочува пресумпцијата на невиност всушност се налвегува во една длабока теоретска полемика за интересите и слободите и правата на човекот кои што ги штити пресумпцијата на невиност и постулатот на правна сигурност кој што пак е директно поврзан со јавноста и транспарентноста. Меѓутоа тоа е длабоко теоретско прашање на која што се дава одговор преку анализа на теоретските поими и релацијата помеѓу нив особено какво е местото на човековите слободи и права во постулатот правна сигурност на која што теоретска елаборација сметам дека не и местото тука во ова обраќање, но секако заслужува во еден посебен настап да биде презентирана како пред новинарите така и пред јавните обвинители. Меѓутоа она што овде се чини важно е заклучокот дека овие два интереса можат да бида ускладени доколку јавниот обвинител преку свои изјави за наредени факти и реченици кои што не значат упад во пресумпцијата на невиност ќе дадат податоци во секоја фаза на постапката и при вршење на увид веднаш по настан, и во текот на преткривичната постапка, и во истражната постапка, на главна расправа и по донесување на пресуда. Многу често пресумпцијата на невиност се внесува во ист правен ќош како и тајноста на истрагата, но начелото за тајност на истражната постапка има свое значење во процесното право да постапката се води на начин со кој нема да се отежни истрагата да се дојде до квалитетни докази, да се поспеши сведочењето и да се унапредат заклучоците за обвинителска одлука како едно сигурно тврдење, но притоа тоа не се однесува за целиот тек на истрагата прашањата со која динамика таа се одвива, колку време трае, дали има епилог во законски рок, каква е структурата на јавнообвинителските дејствија, дали јавниот обвинител активно работи на неа се прашања со кои јавноста може и треба да знае. Презентирани обвиненија во јавност е посебна состојба на која што сведочиме и се поставува прашањето Дали пред тоа обвинение да биде одобрено може да биде и јавно објавено? Или тоа претставува повреда на начелото на пресумпција на невиност. Дали лицата кои што е опфатени со обвинение можат да имаат јавен настап и да се обратат на јавноста и каков е тој однос со начелото на пресумпција на невиност. Дали бранителите на осомничените и обвинетите можат да се обратат во јавноста, со која цел и какви се грешки се прават при тоа обраќање и дали можеби тие кои што се најповикани да ги бранат обвинетите прават понекогаш и несакајќи повреда на пресумпцијата на невиност? Се се ова прашање кои што заслужуваат посебна елаборација и посебна анализа во оваа прилика само имам за цел да укажам дека пресумпцијата на невиност не може да се толкува така како што сакаме туку за тоа постојат правила кои можат да бидат патоказ за тоа како учесниците во постапката треба да даваат изјави и тоа во секоја фаза на постапката па дури е и пожелно да се гради изјавата на јавниот обвинител од рана фаза до завршување на постапката да се унапредува па така при завршувањето на постапката независно од исходот може да се добие слика за јавнообвинителската работа како сложена и одговорна функција.
Заклучок
Единствениот заклучок е дека не може да се постигне совршеност о иидеално сосотјба на комуникацијата помеѓу јавните обвинител и медиумите, но сепак тој однос може да се унапреди од двете страни, а како прилог за тоа подобрување се дозволувам да укажам на важните аспекти во јавнообвинителските настапи затоа што како јавен обвинител сепак потребното знаење за корекциите во новинарските постапувања не можам да си го дозволам заради поинаквиот тип на образование. Новинарството е професија која бара интердисциплинарен пристап, а не тесно стручен како јавнообвинителската функција, но за јавните обвинители императив е познавање на основните обврски за новинарите кога известуваат, а тоа е да поставуваат прашања јасни без констатации кои што доведуваат на одговор, да ги проверуваат информациите за кои што прашуваат, да ги препознаваат „дупките“ во новинарските прашања, а тоа е спомнувањето на факти без докази и да знаат дека одговорите кои што ќе ги дадат јавните обвинители не мора секогаш да се точни или погрешни меѓутоа она што мора е да бидат добро промислени со искажано непоколеблива љубов кон вистината и правдата. А кога така јавниот обвинител ќе се обрати пред медиумите, новинарите се тие кои што тоа добро го препознаваат и на свој новинарски начин го респектираат и знаат да возвратат токму во име на истата цел и вистината и правдата со известување кое што може да го подигне авторитетот на јавниот обвинител.
Јавните обвинители се тие кои што го штитат поединецот и државата од сторители на кривични дела и тоа е професија која што апсорбира во себе голема концентрација на моќ, но искуството покажува дека моќта на зборот, пренесената изјава и мисла е толку силна што кога добар новинар ќе почне да ја практикува може едноставно се` и да воздигне и да уништи голем дел од работата на јавниот обвинител.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here