„Шамарите во Центар“ одложени, судијката Лаличиќ ги зела камерите

0
1577

Судскиот процес за предметот наречен „Шамари во Центар“ се одложи, бидејќи во судницата ги немаше службените камери, на кои што инсистираат обвинетите од Специјалното јавно обвинителство. Имено, до одложување дојде поради тоа што судијката Софија Лаличиќ, која денеска го започна судењето за обидот за убиство на екс-министерот Никола Тодоров, ги зела камерите.
Судијката Лаличиќ планирала да се снима судењето на Љупчо Стојановски, дедо на починатата Тамара Димовска од Велес, а кој на први јуни, оваа година пукаше во поранешниот министер за здравство. Стојановски се товари за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Токму поради настанатиот технички проблем Никола Груевски и другите обвинети за настанот од јуни 2013 година побараа одложување на судењето, а што беше прифатено од судијката Татјана Михајлова.
Судењетото за насилствата во „Центар“ ќе продолжат в среда. За овој случај двајца обвинети веќе ја прифатија вината и во одвоени постапки беа осудени на условни затворски казни.
Инаку, судењето за „Шамарите во Општина Центар“ не беше и единствено судење на кое што се појави обвинетиот Никола Груевски. Иако, се одложи тој се појави и на судскиот процес наречен „Траекторија“, а кој се однесува на провизии за делниците од автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.
Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова потврди дека како докази во овој случај има 315 телефонски разговори и СМС пораки и дека најголемиот дел од нив не и се познати на јавноста. На барањето на одбраната да се изврши увид во овие докази Стефанова рече дека тие им биле доставени во дигитална форма, а им биле дадени и транскрипти и дека ако сакале да ги преслушаат тоа можелр да го направат во судот или во просториите на СЈО каде веќе биле повикувани, но тие не се одзвале на поканите.
За земање провизии СЈО, освен Груевски, ги товари и екс министрите Миле Јанакиевски и Владимир Пешевски, како и Љупчо Георгиевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here