УСЛОВНА КАЗНА ЗА ИВОНА ТАЛЕВСКА ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК

0
1385

Новинарката Ивона Талевска, обвинета  во случајот “Тифани“, по нејзино признание дека затајувала данок, од судијката Софија Лаличиќ е осудена на казна затвор во траење од две години, а која казна и се заменува со условна -во трење од четири години.

Ивона Талевска треба да ги врати парите за кои ја товари Специјалното јавно обвинитлество, а треба да плати дополнителни 1.000 евра споредна казна, како и  трошоците за вештачење во вредност од 76.000 денари.

Одбраната побара од Кривичниот суд да се земе предвид нејзиното признание, како и тоа што таа е државјанин на РМ, вработена е  во Сител ТВ, има семејство во Македонија и досега не е осудувана.

Претставникот на Државното правобранителство побара отштета во износ наведен во обвинителниот акт. Обвинителката Елена Јосифовска која го презентира обвинителниот акт пред судијата Лаличиќ побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.

(Љ.С)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here