ТРЕТА МАЈКА ИЛИ ТРИ ПАТИ САМО ГОСПОД ПОМАГА!

0
1279

Можеме ли веќе од утре да очекуваме и трет, после двата неуспешни обида на Гордана Јанкулоска да се издејствува изземање на судијката Добрила Кацарска

 

Љубиша Станковиќ

 

Судењето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за предметот „Тенк“ продолжува утре, а мене уште сега страв ме фаќа! Не знам што ново може да донесе новата работна недела, ама знам дека кај и да е Јанулоска, по трет пат, ќе побара ново изземање на судијката Добрила Кацарска.
Чуму трето барање веќе не е ни важно. Кога бевме деца знаевме да кажеме: трета мајка! Сега, како што стојат работите, многу поважно е да се добие на „темпо“, отколку нешто суштински да се промени.
А, всушност, се така и почна! Со барање за изземање на судијкаа Кацарска уште во периодот додека таа имаше цел предмет со кој беа опфатени помошникот министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, екс-премиерот Никола Груевски и секако, Јанкулоска.
Епилогот од првото барање за иззмање се памети по тоа што, откако им беше одбиено барањето, судењето продолжи и по работното време, па дури и „чепнаа“ малку од ноќта.
Второто барање за изземање се случи пред само десетина дена. Овој пат, како причина е наведено дека судот, наводно, отстапил од вообичаената практика на закажување на рочиштата. Односно дека имало дискриминаторско однесување и постапување, што, пак, доведува до „вознемирување и повреда на достоинството на Јанкулоска“, како и дека тоа е заканувачка, понижувачка и застрашувачка практика.
Комисијата за заштита од дискриминација ја донела одлуката на седница која се одржала, наводно, на 27. минатиот месец. Но, сега судот изразува сомнеж дека тој ден претседателот на Комисијата, Александар Даштевски, воопшто ги повикал другите шестмина членови и дека воопшто одржал седница, односно дека одлуката ја донел тој самиот.
Ако сомневањата на судот се покажат како точни, тогаш разрешувањето на членовите на Комисијата за заштита од дискриминација е повеќе од извесна, но што да прави Јанкулоска со нивната одлука?
Многу е веројатно дека таа ќе побара ново, трето иззмање на судијката Кацарска, но ако тоа се случи ќе треба да се сети дека три пати само само Господ помога!

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here