СЈО: ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ, АЛЕКСАНДРА ЗАФИРОВСКА, СОФИЈА ЛАЛИЧИЌ И СВЕТЛАНА КОСТОВА РАБОТЕЛЕ ЗА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ

0
4161

Во најновниот, шестмесечен извештај на СЈО се посочуваат имиња на судии кои се нестручни и несовесни, но затоа, пак, за нив стои или се во приватни односи со Сашо Мијалков или дека и по изборот за судии продолжиле да работат за споменатиот

 

За Јово Вангеловски, претседател на Врховниот суд, е наведено дека работел по инструкции на функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а Александра Зафировска, им била сервилна на Никола Груевски и Гордана Јанкулоска

 

Специјалното јавно оввинителство очекува, во претстојниот период, да се преземат потребните мерки и да се создадат законски услови за негово вклучување во Јавното обвинителство на Македонија, ама како самостојна институција која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење кривични дела на корупција од висок профил.
Ова е наведено во новиот шестмесечен извештај на тимот на Катица Јанева, од каде што уверуваат дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија, со што ќе се  овозможи, во соодветни постапки да ги докаже кривичните дела кои им се стсваат на товар со поднесените обвиненија. 

Судот мора да ја има предвид сериозноста на кривичните дела кои се предмет на обвиненијата поднесени од страна на ова Јавно обвинителство, со цел обезбедување непречено водење на судските постапки, како и избегнување на нивното непотребно одлагање. Во оваа прилика, повторно ја истакнуваме обврската за воздржување од постапување кое е насочено кон забавување на правдата. Во идниот период покрај учеството на судските рочишта, како резултат на опсегот на дејствија преземени во отворените предистражни постапки, ќе отвориме истраги за предмети во кои утврдувањето на вистината, како и обезбедувањето на кривичната правда ќе бидат од големо општествено значење и од исклучителен интерес за граѓаните на Македонија“, пишува во заклучокот на извештајот на СЈО.
Во извештајот се посочуваат и одредени судии за нестручно и несовесно работење, врз основа на сознанија од преслушаните „бомби“. Спомнати се имињата на судијките Софија Лаличиќ и Светлана Костова. За Костова е наведено дека, како избрана управна судијка, продолжила да работи за својот шеф Сашо Мијалков.
Јово Вангеловски, како претседател на Врховниот суд, во прислушуваните разговори изнесувал информации за судски предмети, интервенирал за предмети кај судии, работел непрофесионално по инструкции на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а Александра Зафировска, член и поранешен претседател на Судскиот совет, со експремиерот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, со министрите за правда од ДУИ и со Сашо Мијалков го местела изборот на судии, пишува во извештајот. Од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, особено телефонските разговори на Александра Зафировска, во периодот од 2011 до 2013 година, произлегува дека додека ја вршела функцијата претседател на Судски совет, била во постојана координација со извршната власт.
СЈО бара од Собранието да ја измени законската регулатива за разрешување не само на овие и други судии кои немаат интегритет и кои работат непрофесионално, а за кои има докази во прислушуваните разговори, туку и на Судскиот совет. СЈО бара и уставни измени за да може Македонија да добие функционален Судски совет од кој ќе почнат судските реформи, измени на Законот за судови со критериумите за тоа кој може да биде член на Судскиот совет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here