СУДОТ ГО ОДБИ, ГРУЕВСКИ ЌЕ ОДИ ВО „ШУТКА“!

0
789

Судија за извршување санкции од Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, кој постапуваше по молба за одлагање на извршување на санкција, определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од Специјалното јавно обвинителството неречен „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата.
Станува збор за решение на судија за извршување санкции кое што се однесува на осудениот Никола Груевски. Решението веќе им е испратено на странките во постапката. Тој против ова решение има право на жалба, до Кривичниот совет, а рокот е три дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here