Со одлука на Врховен суд, Центар ќе врати 94 милони денари во општинската каса

0
48
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Општина Центар ја доби правната битка во предметот заради кој во јули 2018 година беше блокирана сметката на општината. Врз основа на решението од Врховниот суд, АД „Пелагонија“ – Гостивар треба да го врати целиот износ од вкупно 94.482.306 денари, информираа од општина Центар.
Градоначалникот Саша Богданович извести дека, поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од општина Центар на пресудата на Апелацискиот суд од мај минатата година, Врховниот суд одлучли постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.
-Ние имавме судски спор за надомест на материјална штета – испуштена корист во износ од 72.238.172 денари или вкупно 94.482.306 денари со законска казнена камата и трошоци. Општина Центар допрва ќе ја води битката за да докаже колку некои аргументи се на наша страна и со тоа успеавме да вратиме во општинската каса 1,5 милион евра што претходно ни беа одземени и реално и искрено не попречија во остварување на некои активности, изјави Богдановиќ.
Тој посочи дека средствата може да се искористат за активности што не биле завршени во 2018 и се префрлени како обверрска во 2019 година.
-Ова е еден доказ дека општинската администрација, адвокатскиот и правниот тим, без разлика што имаше наследено многу проблеми од претходно од судски споров,и успеа со максимален ангажман да се избори до крај да ги врати сите средства, рече Богдановиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here