СЛУЧАЈ „ТОТАЛ“: ДРАГАН ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС ПОВТОРНО НЕ ДОАЃА НА СУДЕЊЕ!

0
4061

На денешното одлагање му претходеа три одложувања, па едно одржано рочиште на кое се бараше одложување за да се проучеле таканаречените „бомби“

 

По барање на одбраната судењето на Драган Павловиќ – Латас, обвинет во случајот наречен „Тотал“ е одложен. Одложувањето доаѓаа по едно одржано рочитште во мај, односно по три едно по друго одлогања поради семејни причини на споменатиот.
Имено, пред само две седмици одбраната на обвинетиот Латас побара одложување за да имаат време да ги проучат транскриптите на 40 таканаречени „бомби“, а кои се однесуваат на обвинетиот за даночно затајување. Всушност, одбраната побара судот да не прифаќа новото вештачење, а со образложение дека, наводно, било изготвено по завршувањето на истрагата. Ваквите барања, за Обвинителката, Елизабета Јосифовска, претставуваат обид за одолжување на постапката, дотолку повеќе што тие имале можност да ги преслушаат сите незаконски снимени, а што не било направено.
Драган Павловиќ-Латас е обвинет за затајување данок во еден подолг временски период. Имено, тој, преку неговите фирми, „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, затајувал данок од 2008 до 2015 година, односно избегнал плаќања кон државата во висина од 121.000 евра, а како физичко лице уште 63.000 евра, односно безмалку 200.000 евра.

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here