СЛУЧАЈ „ТАРИФА“: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕЛЕМ ТРАЕЛЕ СЕ ДО ДЕНОТ НА ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР

0
1149

За СЈО останува нејасно како е можно да се избере „најповолен понудувач“, кога преговорите траеле се до моментот додека не бил ставен потпис на договорот

 

Со распит на еден од тројцата за денес повикани сведоци, во скопскиот кривичен суд продолжи судењето на екс-директорот на АД „ЕЛЕМ“, Дејан Бошковски, сопруг на сменетата заменичка министер за правда, Билјана Бошковска-Бришковска, како и на Методи Стојменовски и Ненад Ѓорговски, обвинети во случајот наречен „Тарифа“.
Имено, сведокот Жарко Миленковски, потврди дека преку неговата фирма бил дел од конзорциумот кој што го добил тендерот за набавка на софтвер за кој што СЈО тврди дека бил скапо платениот софвер никогаш не бил имплементиран.
„Парите и се испорачуваа на чешката фирма ‘ХЕЦ’, а таа ги исплаќаше другите фирми кои беа дел од конзорциумот, а кои имаа третман на фирми-подизведувачи“, рече сведокот и потврди дека нему не му се исплатени уште 3.000 евра и покрај тоа што ЕЛЕМ во целост го исплатил вкупниот договорен износ кој, според сведокот, изнесува 4 милиони и 80.000 евра. Овој сведок даде потврден одговор на прашањето на Специјалниот јавен обвинител, Трајче Пеливанов, а кој се интересираше дали преговорите со ЕЛЕМ траеле се до последниот ден, односно еден ден пред потпишувањето на договорот, но и тоа дека изборот за „најповолен понудувач“ се случил на почетокот на април, во 2013 година.
Миленковски кажа дека во преговорите учествувал целокупниот менаџмент, но и директорите на сектори од ЕЛЕМ, а дека во име на конзорциумот, единствена овластена за комуникација со ЕЛЕМ била чешката фирма „ХЕЦ“.
По сведочењето на Миленковски пред судот се очекува д пристапат двајца сведоци, инаку, вработени во ЕЛЕМ.
Инаку, Бошковски и неговите двајца колеги СЈО ги товари дека злоупотребиле 3,7 милиони евра од тендер, а кои средства биле обезбедени со некомплетна документација за набавка на софтвер за ЕЛЕМ. Тендерот бил добиен, платениот софтвер никогаш не бил ставен во функција, но обвинетите потрошиле уште 456.560 евра за негово одржување и уште 16.800 евра за сертификат за употреба на модулот.

 

Обвинетиот Дејан Бошковски е член на Регулаторната комисија за енергетика, а неговата сопруга е обвинета во случајот „Титаник“, односно за сторени изборни нерегуларности.

(Љ.С.)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here