Се бара притвор за „сопственикот“ на 300 килограми марихуана

0
534
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Сторителот неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во скопската населба Бутел со намера за понатамошна продажба и стекнување противправна имотна корист. Врз основа на судска наредба на 4 јануари годинава, во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајдена поголема количина дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење  – дигитални ваги со остатоци од растителната материја. По наредба на дежурниот јавен обвинител извршена е анализа и вештачење на растителната материја и утврдено е дека станува збор за наркотична дрога – марихуана, со вкупна тежина од 295,3 килограми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here