САШО МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР!

0
1111

Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд донесе решение со кое се одбива жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков, со која тој бара укинување на мерката притвор

 

Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поточно Кривичниот совет на судот, денеска донесе решение со кое се отфрла жалбата на обвинетиот Сашо Мијалков, а со која што тој бараше укинување на мерката притвор. Станува збор за решение со кое на Мијалков, пред само неколку дена, му беше изречен притвор за предметот наречен „Имеперија“, а која што мерка беше донесена откако Судија на претходна постапка му го укина претходното решение за притвор што му беше изречен, на 21. минатиот месец, за предметот „Таргет-Тврдина“. „Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена против решение на Судија на претходна постапка со кое се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор во предметот од обвинителството означен како ‘Империја’, кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1-Скопје, во текот на вчерашниот ден, одржа јавна седница во присуство на странките. По произнезување на странките, како и ценење на фактите и доказите во жалбата, Советот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на Судија на претходна постапка, на начин што определи мерката притвор да продолжи да опстојува поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка“, се вели во соопштението на скопскиот кривичен суд. Притворот на Мијалков, за случајот “Империја“, е изречен поради опасност од влијание врз сведоци, но и поради постоење на опасност од бегство.
Првото притворање на Мијалков дојде само неколку дена по бегството на неговиот братучед Никола Груевски. Тој беше уапсен во хотелот „Мериот“, а по неговото спроведување беше кажано дека тој планирал да побегне од државата и дека за таа цел, на сметка на едно физичко и едно правно лице, во кнежевството Монако, биле префрлени 11 милиони евра.
Инаку, во предметот „Империја“, освен Мијалков, се сомничи и неговиот кумашин, Орце Камчев, но и директорот на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, Цветан Панделески, претседателот на Управниот одбор на „Стопанска банка – Битола“, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска од „Орка холдинг’ и сопственикот на „Ексико“ Тодор Мирчевски и мајката и сестрата на на Орце Камчев.
За Сашо Мијалков, во моментов, се водат четири судски постапки: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here