"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Во рамки на истрагата која се однесува на седум лица, кои се сомничат дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за едно од лицата ја прошири истрагата. Обвинителот, во изминатиот период, ги сослушал осомничените, а потоа оценил дека постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело: учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, казниво според член 322-а став 3 од Кривичниот законик. Токму поради констатираното Обвинителот донел наредба за спроведување на истрага и за ова кривично дело.
„Со цел да стане учесник во паравоените формации на ИСИС, осомничениот, во точно неутврден период од 2014 до 2016 година, ја напуштил територијата на Република Македонија и заминал во Сирија. Таму, осомничениот се обучувал и учествувал во паравоените формации на ИСИС, при што како борец бил заробен од страна на ‘Сириските демократски сили’ и бил затворен во Дирек, во воениот затвор во Ал-Маликијах, во провинцијата Ал-Хасака, во Сирија“, велат од Јавното обвинителство од каде и потсетување дека за петмина од седумтемина, кои во моментов се на издржување на мерка притвор, а кои во соработка со партнерите од глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, во август годинава, беа лишени од слобода, а веќе се водат истражни постапки во рамките на претходните акции познати во јавноста како „Ќелија 1″, од август 2015 и „Ќелија 2″, од јули следната година. Четворица од притворените се дел од истражната постапка во предметот „Ќелија 1″, а осомничениот, за кој се проширува истрагата е од постапката во предметот „Ќелија 2″. При спроведувањето на тогашните акции овие лица се водеа како недостапни на органите на прогонот и за нив беа активирани национални и меѓународни потерници.
„Откако во септември 2014 година е донесен Законот за изменување на Кривичниот законик и беа создадени законски услови, предметот познат во јавноста како ‘Ќелија 1’, беше прв поведен случај во РМ против лица кои заминуваат во странски војски и се борат на воените жаришта на Блискиот Исток. Во овој предмет, Обвинителството за првпат гонеше 36 лица за кривично дело: учество во странска војска, паравоени или параполициски формации. Во акцијата беа лишени од слобода и притворени 11 лица, а останатите 25 се водеа како недостапни. Во 2016 година беше поднесен обвинителен акт за 11 лица. Шестминма обвинети изразија подготвеност за признание на вина и побараа спогодба со обвинителството. Скопскиот кривичен суд ги прифати спогодбите со обвинителството и шестмината обвинети ги прогласи за виновни и ги осуди на затворски казни од пет до 5,6 години. Оние петтемина кои не признаа вина, на главна расправа, признаа дека се винов за делата за кои што беа обвинети. На 18 мај 2016 година, за обвинетите беа изречени казни затвор во траење од две до 4,6 години затвор. Незадоволно од висината на изречените казни, Обвинителството вложи жалба до Апелациониот суд, а шести февруари 2017 година, судот ги уважи жалбите и обвинетите беа осудени на казни затвор во траење од три до 6,6 години затвор.
„Во меѓувреме, а врз основа на распишаните национални и меѓународни потерници, двајца осомичени беа екстрадирани од Косово, еден од Албанија и еден беше лишен од слобода во Македонија. Со нив Обвинителството склучи спогодби и тие беа осудени на казни затвор од една до три години.
“Седумтемина опфатени во акцијата ‘Ќелија 2’, меѓу кои е и осомничениот за кој се проширува истрагата, се товарат за сторено кривично дело: терористичка организација. Во акција спроведена на седум локации во Скопје и Тетово, на 9 јули 2016 година, беа уапсени четири лица-поранешни припадници на ИСИС, а подоцна од слобода беше лишено уште едно лице. За другите тројца беа распишани национални и меѓународни потерници. Обвинетите во овој предмет се припадници на терористичка организација ‘Исламска држава’. Тројца од нив, во повеќе наврати учествувале во терористичките напади во околината на Дамаск, како и на воената база во близина на Алепо, додека останатите биле дел од терористичките напади на градот Деризор, воената база Рака, официјалниот граничен премин помеѓу Сирија и Ирак, како и нападот на воздухопловната база во Ирак, а исто така објавувале и снимки од погубување на околу 50 затвореници“, појаснуваат од Обвинителството.
Во октомври 2016 година, петмината обвинети ја признаа вината што им се става на товар и склучија спогодби со обвинителството со кои се осудени на казна затвор од 2,4 до 2,8 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here