ПРИФАТЕН ПРЕДЛОГОТ ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

0
1467

Со пет гласа за Комисијата за мандатно имунитетни прашања реши да му предложи на Собранието одземање на мандатот на Никола Груевски. Одлуката треба да ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство.

Тој не се појави на почетокот на седницата за деловнички и мандатно имунитетски прашања на која се расправаше за одземање на неговиот пратенички мандат поради правосилната затворска казна од две години за случајот „Тенк“.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски информира дека Груевски бил поканет на седницата на која единствена точка на дневен ред беше известувањето од судијката Добрила Кацарска за правосилната пресуда против него.

Сопартијците на Груевски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни на комисиската седница.

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски обвини дека против Груевски се води политички монтиран процес.

Според информациите, Груевски беше отсутен поради тоа што е на рочиште за еден од случаите што против него ги води СЈО.

Вељаноски рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против, по што членовите на овој табор ја напуштија комисијата.

Александар Кирацовски од СДСМ рече дека никој не смее да се крие зад пратеничкиот мандат за да избегне кривична одговорност.

Сашо Василевски од новата независна пратеничка група, кому истата Комисија лани во декември му го одзема имунитетот заради 27 април, кажа дека осумтемина пратеници ќе бидат против одземање на мандатот во духот на вчера формирано тело за помирување.

А.М.М.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here