"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Судија на претходна постапка од скопскиот кривичен суд, доцна синоќа, донесе решение со кое на обвинетиот Сашо Мијалков за предметот наречен „Империја“, му се изрекува мерка притвор во траење од 30 дена.
Притворот на Мијалков, кој е веќе притворен за масовното прислушување, во рамки на предметот наречен „Таргет-Тврдина“, му е изречен поради опасност од влијание врз сведоци не само за споменатите, туку и во другите судски предмети во кои тој се јавува како обвинет.
Сашо Мијалков, вчера, попладне беше спроведен од затворот „Скопје“, откако за него Специјалното јавно обвинителство побара од судот да му изрече мерка притвор за случајот „Империја“. Одлуката на судот доаѓа само неколку дена пред одржување на Јавна седница на која ќе треба да се разгледа жалбата на Мијалков за изреченииот притвор за случајот „Таргет-Тврдина“. Имено, Мијалков беше притворен на 20. минатиот месец, откако за него беа изнесени информации дека тој, како и неговиот братучед Никола Груевски, планирал бегство од земјава. Во прилог на ваквите тврдења одеа и информациите дека на сметка на едно физичко и едно правно лице, во кнежевството Монако, „легнале“ 11 милиони евра.
Речеси истиот износ се споменува и во предметот „Империја“, каде како првоосомничен се јавува кумашиниот на Сашо Мијалков, Орце Камчев. СЈО обвини дека осомничените во „Империја“ испрале осум милиони евра домашни средства и дополнителни 2,5 милиони евра кои биле дојдени од странство, а преку оф-шор компании.
Во предметот „Империја“ осомничени се 13 лица, но притврени се Орце Камчев, директорот на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, Цветан Панделески, претседателот на Управниот одбор на „Стопанска банка – Битола“, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска од „Орка холдинг’ и сопственикот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, но меѓу осомничените се и мајката и сестрата на Орце Камчев.
На брање на СЈО замрзнат е имот на осомничените, а забранети се и финансиски трансакции на спорните фирми.
За Сашо Мијалков, во овој момент, активни се обвиненијата за случаите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here