ПРИТВОР ЗА ПЕТМИНА, ПО ПРЕСМЕТКАТА ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО

0
242

Тетовското Основно јавно обвинителство потврдува дека во престрелката, пред казиното, учествувале 13 лица

 

Тетовското Основно јавно обвинителство, по завчерашната престрелка која се случи во центарот на Тетово, донело наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело: предизвикување општа опасност од члел 288 став 3 а во врска со став 1 , како и за кривично дело: недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од члел 396 став 1 од Кривичниот законик.
За двајца осомничени, кои во престрелката употребиле автоматско оружје, кое што е забрането на цивили, поведена е истражна постапка за сторено кривично дело: предизвикување општа опасност, но и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Еден, од овие двајца осомничени, е во бегство и тој се води како недостапен на органите на прогонот.
За останатите осум пријавени лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во инцидентот ќе биде поведена скратена постапка за сторено кривично дело: предизвикување општа опасност.
Настанот за кој сега ќе одговараат лицата, чиј што идентитет Обвинителството не го соопштува, се случи на 30. минатиот месец, пред едно тетовско казино. Имено, четворица осомничени, инаку вработени во агенција за обезбедување од една и останатите осомничени од друга страна дошле во конфликт заради изгубени пари во казиното. Станува збор за износ од 3.600 евра. Тие, со автоматски пушки и пиштоли, предизвикале значителна опасност по животот и телото на луѓето и тоа на место каде што биле собрани поголем број луѓе.
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени за кои била донесена наредба за спроведување истражна постапка. Судија на претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена. За осомничениот кој е во бегство мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here