Посетителите на Груевски во Будимпешта преместени на други работни места во Царина

0
269
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

И покрај најавите на директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, дека еден од двајцата посетители на Никола Груевски, во Будимпешта, е кривично пријавен, односно дека Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе отворило истрага, сепак оттаму нема потврда на ваквите кажувања. Имено, од Обвинителството за гонење организиран криминал велат дека тие, во моментов, не се во можност да ги потврдат изјавите, но дека со поконкретни информации за случајот ќе излезат во наредните неколку дена.
Она што засега е извесно е дека Царината извршила прераспределба на други рабвотни места на двајцата свои вработени. Имено, општинскиот советник, во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој, како што е познато е обвинет во предметот „Насилство во Општина Центар“, е прераспределен од архивар во магацинер.
-Прераспределени се и двајцата. Александар Трајковски е оставен на исто ниво, но на друго место. Во однос на другиот посетител, добивме одговори во текот на оваа недела од некои институции и кај нас следува внатрешна истрага, како и отворање постапки, но не сакам да прејудицирам каков ќе биде исходот од постапката. За вториот посетител на Груевски има предистражни дејствија и не би сакал да коментирам, тоа е надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал, изјави Ѓоко Танасоски.
За вториот посетител на Груевски, директорот Танасоски ќе потврди дека заради одредени специфичности на работното место каде беше претходно е преместен на друго работно место. Иако од Царинската управа не го соопштуваат името на другиот гостин на Груевски, сепак, Телевизија 24 дознава  дека се работи за извесен Трајан Милошевски, брат на личниот возач на Никола Груевски. Своето патување во Будимпешта обвинетиот Александар Трајковски, пред судот, го правдаше со со потреба од нови медицински испитувања, бидејќи повеќе од две години имал нарушена здравствена состојба. Тој пред судот тврдеше дека во Будимпешта дошол за да се лекува, а не за да се сретне со Груевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here