Побаран притвор за насилникот од Противпожарната служба во Охрид

0
338
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба утринава нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела. Откако влегол во простории на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата и нанесувајќи му тешки телесни повреди, информираат од обвинителството.
Продолжувајќи кон дворот на противпожарната служба, осомниченото лице се сретнало со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, по што сторителот упорно продолжил со клоци да му нанесува повреди по телото. Потоа, осомничениот избегал од местото на настанот. Подоцна се јавил и на службениот телефонски број 193 и им се заканувал на колегите со што ја загрозил нивната сигурност.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – „тешка телесна повреда“ од член 131 став 3 во врска со став 1, „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 3 и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител ценеше дека постојат опасности осомниченото лице да го повтори кривичното дело, да се даде во бегство и да влијае врз сведоците, поради што до судија на претходна постапка во Основниот суд – Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here