Опозицијата не сака Антикорупциска комисија со зголемени надлежности

0
134
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Владата го пуштила во собраниска процедура предлог – законот за спречување корупција, но овој пат со европско знаменце, за да се спречи негова можна блокада, информира денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа рече дека не е засега постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ околу новиот концепт на Антикорупциската комисија, која треба да добие засилени надлежности.

Шекеринска појасни дека законот веќе извесно време се подготвува и е еден од типичните примери како треба да се работи на важен закон, земени се предвид сите забелешки на ЕК и, според неа, предвидува формирање вистинска антикорупциска комисија која што ќе ја има и независноста и моќта да се бори против корупција.

-Се работи за текст којшто предвидува навистина високи критериуми за кој било да биде избран за претседател или член на комисија. Меѓутоа од друга страна на комисијата и дава зголемена моќ. Ќе имаат пристап до банкарски сметки, ќе имаат пристап до различни бази на податоци кои досега им биле затворени. Ќе можат да истражувааат можности за корупција кај поединци, но и финансирањето на политичките партии и ова се важни работи за да покажеме дека има политичка волја за борба против корупциија, но и да покажеме резултати за борба против таа корупција, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на караулата Богородица во близина на Гевгелија, каде престојуваат припадници на АРМ распоредени на јужната граница.

Таа потсети дека Законот претходно влегол во собраниска процедура, меѓутоа уште на Комисијата за политички систем, како што истакна, било очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира носењето на законот и најголем дел од нивните амандмани за кои се водела и долга дискусија се однесувале на намалување на критериумите за избор на членовите и на намалување на компетенциите и моќта на комисијата. 

-Предлозите од страна на ВМРО ДПМНЕ велат да немаат пристап до банкарски сметки, да немаат пристап до бази на податоци, да не можат да испитуваат финансирање на политички партии. Мене тоа навистина ми беше чудно. Затоа што јас сметав како опозиција ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира повисоки да бидат критериумите и појака да биде антикорупциската комисија. Се потрудивме неколку дена да најдеме заеднички јазик. Најавивме дека одреден број амандмани, кои не се спорни, а се предложени од нивна страна ќе ги прифатиме додека не можеме да преговараме за да се уништи практично комисијата и законот пред нејзино донесување, вели министерката за одбрана.

Таа нагласи дека и во текот на вчерашниот ден имало обид да се најде и да се постигне некаков договор, но тоа повторно било одбиено.

-На претпоследната седница на Влада повторно го утврдивме законот и го пуштивме во Собранието со европско знаме, за да ја елиминираме секоја шанса законот да биде блокиран и да биде одложен. Од една страна опозицијата вели власта го одлага законот и комисијата, а практично видовме дека ВМРО-ДПМНЕ се труди да го одолговлекува овој процес. За нас е многу битен квалитетот на законот и за нас е битно Македонија да добие вистинска комисија за борба против корупцијата. И тоа ќе го напраивме сега со истиот текст но предложен со европско знаме, рече Шекеринска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here