ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПРОВЕРУВА БОЛНИЦА ЗА МОЖНА НАПЛАТА НА ФИКТИВНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

0
899
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

По допрен глас во јавноста Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет за проверка на евентуални незаконитости во работењето на една приватна скопска болница.
„Предметот е отворен по следење на написи во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување“, се вели во дописот на Обвинителството и притоа се појаснува дека „постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот“.
Надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here