ОБВИНЕТИТЕ ВО “ТРАЕКТОРИЈА“ НЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНА ЗА ЗАОБИКОЛУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ

0
431

Пoранешниот премиер Никола Груевски, екс-вицепремиерот Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески,како  и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски не се чувствуваат виновни за обвинението на СЈО во случајот „Траекторија“.Ова го изјавија на денешното рочиште во Кривичниот суд ,каде во моментов се даваат  воведни  зборови.Претходно,истото  го стори СЈО  од каде образложија какво кривично дело им се става на товар на обвинетите.

Судот објави дека им ги одбива сите приговори на адвокатите на обвинетите.Одбиени се барањата  на адвокатите сите 315 бомби во овој случај да не се користат како доказ.Одбраната се сомнева дека прислушуваните разговори се менувани. Судот дополнително го одби и барањето на Груевски да се отфрли и вештачењето на СЈО.

Според обвинението на СЈО,на споменатите високи функционери од претходната власт им се става на товар дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Како што нагласи обвинителката Лиле Стефанова,обвинетиот Никола Груевски го искористил своето реално влијание и службената положба како премиер и побарал од обвинетиот Владимир Пешевски, како вицепремиер, и Миле Јанакиески, како министер за транспорт и врски, да извршат избор на компанија за изградба на автопатите без да спроведат постапка за јавни набавки.Таа потенцираше дека бил заобиколен Законот за јавни набавки и само со директен договор со кинеската компанија „Синохидро“ склучен во октомври 2013 година започнала градбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Стефанова рече и дека покрај понудата на „Синохидро“, владата на тогашниот премиер Груевски добила преку Пешевски и Јанакиески понуда и од компанијата „СВЕ“. Дополнително, „СВЕ“ самоиницијативно ѝ дала понуда на владата за изградба на автопатите со пониска сума од 4.800.000 евра. По доставените две понуди, Пешевски и Јанакиески првин ги повикале двете компании, а потоа ја прекинале комуникацијата со „СВЕ“.

Според обвинението, Јанакиески и Пешевски ја примиле поевтината на понуда за речиси 5 милиони евра, но не ја доставиле до ЈП за државни патишта, ниту пак ја зеле предвид.

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here