Обвинение против криумчарката на злато од Турција

0
67
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе oбвинителен акт против 27-годишна државјанка на Турција поради сторено кривично дело – „криумчарење“ од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата, според известувањето на обвинителството, делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена стока-накит од бело злато. Накитот бил со вкупна тежина од 380.50 грама кои имаат вредност од 27.633.795,00 денари.
Со оглед на оценката дека се уште постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност обвинетата да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 достави посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.
Како што беше објавено претходно, осомничената откако пристигнала на скопскиот аеродром со лет од Истанбул, се упатила кон излезот на преминот каде поминуваат патници кои немаат стока за пријавување. По што, при селекција од страна на царинскиот службеник и преглед на личниот багаж, била пронајдена непријавената стока. На турската државјанка тогаш и беше одредена мерка проитвор во траење од 30 дена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here