"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Обвинителството се сомнева дека прислушувањето за започнало уште во 2013 година и се проверува дали снимените разговори се избришани или се пренесени на друг уред

 

Јавното обвинителство, по вчерашната информација на републичкиот Јавен обвинител, Љубомор Јовески, дека обвин ителството со годсини наназад било предмет на нелегално снимање, денеска оттаму уште една реакција.
Имено, со реакција денеска се огласи и портпаролката на Обвинителството, Елизабета Недановска, а по зголемениот интерес на јавноста за овој скандал.
„Со оглед на големиот интерес што во јавноста го предизвика информацијата за сознанијата дека е снимана телефонската комуникација остварена преку фиксна телефонска мрежа во зградата на Јавното обвинителство, ЈОРМ истакнува дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти на настанот и се работи на утврдување на евентуална кривична одговорност“, се вели во реакцијата на Недановска и притоа се потврдува дека предистражната постапка е „отворена веднаш по добиените сознанија дека телефонските разговори, остварени преку фиксна телефонија, во зградата на јавното обвинителство биле снимани“.
Оттаму и информација дека пронајдените податоци со снимени разговори, на двата хард диска од телефонската централа, датираат од 30. септември 2016 година, но дека постојат сериозни индиции кои упатуваат на заклучок дека снимањето започнало со набавката и инсталирањето на опремата, односно уште во 2013 година. Токму поради ваквите сомнежи сега се проверува дали снимените разговори биле избришани или биле пренесени на друг уред.
Како што е веќе познато, првичните сознанија од предистражната постапка укажуваат дека снимањето се вршело на двата хард диска од телефонската централа во новиот објект во кој се сместени просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје, Вишото јавно обвинителство – Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија.
„Во рамките на постапката, се врши проверка и на тендерската документација за набавка на опремата и на овластувањата за нејзино користење“, целат од ЈОРМ и додаваат дека се работи на проверка и на индициите дека ист или сличен систем за снимање на телефонски разговори бил употребуван и во други правосудни институции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here