Незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ влегува во судница

0
42
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Предметот на СЈО за незаконскиот начин на финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, односно уплати на средства на сметка на партијата, како и незаконската изградба на зградата во кое е сместено седиштето е пред судење.

Од скопскиот кривичен суд потврдуваат дека е одржана јавна седница на која се вршела оценка на обвинителниот акт и дека обвинението поднесено од СЈО е прифатено, но и тоа дека стартот на судењето за предметот наречен „Талир“ е веќе закажано.

-Точно е дека беше одржана јавна седница за оценка на обвинителен акт. Во овој момент можам да потврдам дека веќе е одреден и советот кој ќе постапува, дека предметот е насочен за судење, но со повеќе детали судот ќе излезе по празниците – изјави претседателот на судот Иван Џолев.

Како што е веќе познато, СЈО за случајот наречен „Талир“ поднесе две обвиненија, а за обвинетата Елизабета Чингаровска беше изречена мерка јавување во суд, а и беше одеземена и патната исправа со тоа што и беше забрането преминување на државната граница и забрана за издавање на нова.

Чингаровска, уште пред да започне судењето одлучи да ја признае вината за што и беше изречена условна казна затвор во траење од две години, доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Низ судските кулоари веќе се шпекулира дека примерот на Чингаровгска ќе го следи најмалку уште еден од групата обвинети, но не треба да се исклучи можноста и други обвинети да се согласат со признание на вина за сметка на тоа да добијат условна затворска казна.

Целиот текст на 24.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here