"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Со часови се гледаа снимките од броењето на оние 100.000 евра кои беа предмет на поткуп кога во 2011 година беше уапсен Љубе Бошкоски во предметот наречен „Кампања“. Имено, токму снимките на кои се гледа како се бројат евра,   сега се изведуваат како доказ во случајот „Тортура“, а во кој се обвинети Сашо Мијалков, Ивица Анчевски-Пуки, Јован Боцевски, Новица Станковски, Метуш Шабани и Филип Атанасов.

Двајца вработени во Министерството за внатрешни работи, со ракавици на рацете, со часови ги бележеа сериските броеви на банкнотите, во апоени од по сто евра.
Овие снимки можеа да се избегнат, но судијката Александра Ристевска не го прифати предлогот на Специјалниот јавен обвинител, Љубомир Лапе, кој побара снимките на кои се пребројуваат предметните 100.000 евра само да се нотират во записник, но не и да се гледаат. Всушност, на одлуката на судијката Ристевска му претходеше приговор на адвокатот Петар Василев кој го побара токму спротивното.

„Се противам на предлогот на Специјалниот јавен обвинител. Колегата треба да знае дека кога Обвинителството поднесуваше обвинение дека требаше добро да размисли кога ги предлагал и овие докази, но тие тогаш, најверојатно имале намера само да ги анимираат медиумите“, вели Петар Василев

Инаку, снимките кои се гледаат на писледните неколку судски рочишта потекнуваат од Министерството за внатрешни работи, но тие никогаш порано не беа изведувани како доказ, бидејќи се тврдеше дека МВР нема снимки кои потекнуваат од шести јуни 2011 година. Иако беше планирано за денеска, сепак, на следното продолжение на судењето за предметот „Тортура“ ќе се гледаат снимки кои се сочинети по апсењето на Љубе Бошкоски, односно снимки кои се направени откако тој бил вратен пред ресторанот „Воденица“ за да биде сниман како од полицијата, така и од телевизии на кои им било кажано да дојдат, а на нивните сопственици и уредници им било наложено „повторената“ снимка да ја објавуваат повеќе пати во денот, а со цел Љубе Бошкоски да биде понижен.

 

( ТВ 24 Вести)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here