ЛАТАС ПАК НЕ ДОЈДЕ, СУДЕЊЕТО ЗА „ТОТАЛ“ ПОВТОРНО СЕ ОДЛОЖИ

0
1479

Судскиот процес кој се води против уреденикот на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, повторно се одложи, а единствената причина беше токму неприсуството на обвинетиот за затајување на данок од околу 200.000 евра.
Судијката Славица Наумова – Јосифовска рече дека остануваат истите причини за одложување на овој судски процес, а потоа донесе решение со кое судењето го презакажа за следниот месец и одредеи упте неколку други термини за судење,
Инаку случајот „Тотал“, се однесува на затаен данок од фирмите на Латас. Станува збор за фирмите: „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“. Обвинетиот, од 2008 до 2015,, со намера да избегне плаќање давачки кон државата во завршните сметки и во даночните прикачувал неточни податоци и на тој начин преку правните лица државниот буџет бил оштететен 121.000 евра, а Павловиќ, како физичко лице, затаил дополнителни 63.000 евра.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here