Кривична пријава за скопјанец за закани кон пратеници на фејсбук

0
140
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

МВР поднесе кривична прија за скопјанец кој преку објава на Фејсбук, се заканувал на пратеници во македонското Собрание загрозувајќи им ја сигурноста.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при
Министерството за внатрешни работи, во координација со Основното јавно
обвинителство- Скопје, презеле мерки и активности поради споделената
објава од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување
на сигурноста на пратеници во Собранието на Македонија и
поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски
систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по
чл.144 „загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „ширење на расистички и
ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот
законик на РМ.
По наредба на Основното јавно обвинителство- Скопје Б.Б. вчера е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети за цел прибирање докази. По документирање на случајот, против Б.Б. ќе биде поднесена кривична пријава. МВР истакнува дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на вакви случаи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here