Караџоски контра Дескоска за зголемените плати во Судскиот совет

0
229
"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

За разлика од министерката за правда Рената Тренеска Дескоска, претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски не се согласува дека е скандалозна и незаконска одлуката членовите на советот да добиваат додатоци на плата до 35 проценти
-Ретроактивно дејство има како за судиите, така и за членовите на Судскиот совет. Тука нема никаков скандал затоа што законската основа стои во членот 2 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет. Има соодветен правилник изготвен во 2016 и 2017 година за платите на судиите. Значи ова право за надоместоци и додатоци го имаат членовите на Судскиот совет пред да го имаат судиите”.
Караџовски рече дека членовите на Судскиот совет се на исто рамниште со судиите и дека додека е тој претседател неговите колеги во Советот нема да земаат додаток на плата доколку судиите не го земаат истиот додаток.
Караџовски рече дека лично гласал против одлуката за додатоци до 35 отсто поради тоа што не биле донесени измените во Законот за судската служба и поради тоа што во 2016 имаше штрајк на судската администрација бидејќи само за нив немало додатоци на плата, како што има за судиите и обвинителите. Сепа, додае, дека одлуката што е донесена не е скандалозна и незаконска.
Министерката Дескоска, пак, изјави пред извесно време дека не само што е скандал туку е и незаконска одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на платата, за по околу 21 илјада денари.
– Интерсни се случувањата во Судскиоот буџетски совет. Потсетувам дека законски основ за додатоци на плата има за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет, рече Дескоска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here