"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, вечерва е спроведен на распит во скопскиот кривичен суд поради постоење на основани сомневања дека сторил кривично дело: здружување заради непријателска дејност од член 324 став 1 од Кривичниот законик. „Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство. Според непотврдени сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“, шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за насилничиот упад во Собранието, односно за таканаречнеиот „крвав четврток“, побарала мерка притвор за Владимир Атанасовски.
Апсењето на Атанасаовски доаѓа само еден ден по сведочењата на обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски и на Захарие Симовски кои вчера, на главен претрес потврдија дека упадот во Собреанието го организирал тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Сега приведениот на функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016, четри месеци по оставкатата која што под притисок на јавноста ја поднесе Сашо Мијалков, а по познатите кумановски настани во кои загинаа осуммина припадници на Министерството за внатрешни работи. На оваа позиција тој ќе остане се до 16 јуни минатата година, а од тогаш тој е ангажиран од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, како негов советник за безбедност. До 16. јуни оваа година тој е на апанажа, односно плата примаше од државата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here