Замрзнат имот поради можни криминали во Поштенска банка

0
343

СJO побарало, а кривичниот суд дозволил да се замрзне имотот на Европа 92 и на “НоЕл”

По барање на Специјалното јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот во врска со истрагата во јавноста позната под името „Поштенска банка“. Со мерката е обезбеден недвижен имот сопственост на правните лица Европа 92 ДООЕЛ Кочани и НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата, Ратко Димитровски и Томе Главчев. Воедно, обезбеден е и имот од други правни лица кај кои имаме сомневање дека се прелеала противправна имотна корист – ТУРИСТКО ДООЕЛ Кочани, БЕНТТОН ДООЕЛ експорт-импорт Гевгелија, НОЕЛ КОМПАНИ ДОО Гевгелија и НОЕЛ ПЛУС ДООЕЛ с.Стојаково-Богданци.

Со мерките на Судот се забранува отуѓување и располагање, а дејствијата се превземени со оглед на тоа што постои oпасност истиот имот да биде отуѓен до правосилно завршување на постапката.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here