ЕКСКЛУЗИВНО: АПЕЛАЦИЈА ПОТВРДИ ДЕКА ОЛИВЕР ШАМБЕВСКИ ГО КЛЕВЕТЕЛ АКТЕРОТ ПЕТАР АРСОВСКИ

1
4311

Правосилната пресуда доаѓа по цели девет години, но со неа се потврдува дека Арсовски никого не кодошел, но дека бил наклеветен од Оливер Шамбевски

 

По цели девет години судења актерот Петар Арсовски успеа да докаже дека не бил кодош, а дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Шамбевски, го клеветел со намера да му го наруши неговиот углед и чест.
Имено, Апелациониот суд во Скопје деновиве донесе пресуда со која само се потврдува првостепената пресуда, а според која тужениот Шамбевски изрекол клевета на сметка на актерот Арсовски. Со најновата пресуда само се потврдува дека нашиот прославен актер не го кодошел својот колега Ристо Шишков, како што тоа го тврдеше на прес-конференција Шамбевски, дотолку повеќе што за истиот случај имало и многу други изјави. Со пресудата, напишана на девет страници, е опфатен и моментот дека Петар Арсовски бил носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје.
Инаку, со пресудата наместо бараните пет илјади евра, судот му наложува на Шамбевски да плати надомест на штета од само 120.000 денари и да ги надомести трошоците на судската постапка, која траеше цели девет години, токму поради непојавувањето на тужениот на суд, а за кој и државата не знаеше каде е, иако беше познато дека тој е во Амбасадата на Македонија во Пекинг, НР Кина.
И застапникот на Шамбевски, адвокатот Александар Михајловски, сега познат по барањето за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, одрекуваше дека неговиот клиент ги избегнува судските покани. За него беше спорно тоа што судот покани ги испраќал до седиштето на партијата, а тужениот не само што заминал за Кина, туку бил именуван и за амбасадор.

„Задоволен сум, бидејќи се потврди дека јас никого не сум кодошел. За мене најважна е вистината! Да бидам искрен мене ништо не ми значи и одредениот надомест за претпрена штета. Битна ми е само вистината“, вели актерот Арсовски и појаснува дека на тужениот Оливер Шамбевски, преку неговиот застапник, кој и претходно го контактирал, му било кажано дека доколку тужениот се согласи јавно да го демантира она што веќе го изјавил и притоа се извини тој е подговен да ја повлече тужбата и да не бара никаков надомест за претрпената штета. Тужената страна се согласила на повлекување на тужба, но не и да признае дека клеветела и затоа и е одбиено барањето за извинување.

Тужбата која беше поднсена против Шамбески уследи по одржана партиска прес-конференција, на 26. февруари 2009 година, а на која тој ќе каже дека Петар Арсовски „директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков“. Шамбевски, од говорница, ќе обвини дека во 1979 година, „актерот Арсовски, бесрамно го клеветел Шишков дека ги напаѓал тогашниот комунистички режим и неговата политичка персонификација – Јосип Броз Тито“, и дека токму поради дадени изјави „Ристо Шишков бил осуден и затворен, а неговата кариера целосно уништена…“
Во тужбата која ќе следи ќе биде наведено де Арсовски, заедно со лицата Ацо Дуковски, Душко Костовски, Живадин Ѓорѓевиќ, Аљоша Риси и други сведочел во Општинскиот суд во Струга, но во прекршочна постапка, односно за дело од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека тој не бил сведок во кривичната постапка која што против Ристо Шишков се водела во Окружниот суд во Битола каде тој бил огласен за виновен за кривично дело: предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост.

За истата изречена клевета, дадена во телевизиска емисија, судот го осуди и Миленко Неделковски, но од него се уште не е наплатен ниту денар од одредената штета.
Инаку и Комисијата за верификација на факти, односно таканеречената Лустрациска комисија донесе решение со кое се потврдува дека Арсовски не бил соработник на тајната полиција.

 

(Љ.Станковиќ)

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here