ГРУЕВСКИ НЕ ДОЈДЕ НА ЈАВНА СЕДНИЦА, НО ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ И НА КАТИЦА ЈАНЕВА

0
964

Како што најави уште во текот на вчерашниот ден, осудениот Никола Груевски, денеска не се појави на Јавната седница во Апелациониот суд во Скопје, а на што тој самиот инсистираше, но затоа, пак, побара изземање на Обвинителката Катица Јанева. Најновото барање за изземање поднесено од Груевски беше одбиено, а во образложението коешто обвинтелката Катица Јанева го испрати до второстепениот суд се појаснува дека Законот за кривична постапка и Законот за СЈО не предвидуваат изземање.
За разлика од Груевски, на Јавната седница е присутен екс-помошникот министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, кој, пак, за начинот на избор на блиндирано возило, дозволил набавка на „мерцедес“ вреден 600.000 евра. Со првостепената пресуда Поповски беше осуден на затворска казна во траење од 6,6 години.
Инаку, со првостепената пресуда, за случајот „Тенк“, Груевски беше осуден на казна затвир во траење од две гидини, но тој цени дека се работи за застарен предмет, но и за негов, наводен, политички прогон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here