"http://pravosudstvo.mk/wp-content/uploads/2018/06/Retap-05-Light-Blue.jpg" alt="" width="300" height="75" />

Главната расправа за предметот „Титаник“ на СЈО e закажана за 31 мај. Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко..

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска воведни говори дадоа останатите адвокати на одбраната и дел од обвинетите кои се повикаа на помилувањето на претседателот Ѓорге Иванов за што рекоа дека и Врховниот суд на Грција потврдил дека амнестијата е во правна сила, па затоа одлучил да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Адвокатите во повеќе наврати посочија дека се соочуваат со контрадикторно  обвинение и дека ќе докажат за апсурдноста на наводниот мотив на обвинетите. Одбраната рече дека ќе докажат дека обвинетите на превземале никакви дејствија  за обвинението злосторничко здружување.

Одбраната на обвинетата Катерина Велоска на судот му посочи да не се земаат во предвид сведочењата на тројца новинари кои, според неа, сториле прекршок против јавниот ред и мир со тоа што додека правеле новинарска сторија се јавувале кај гласачи и се претставувале дека се од центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст на „Независен весник“ можете да го прочитате тука

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here