АНЕТА АРНАУДОВСКА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НА МЕСТОТО СУДИЈКА ВО КРИВИЧНИОТ СУД

0
1589

Само што се врати на старото работно место, судијката Анета Арнаудовска, побарала да биде разрешена од функцијата судија во скопскиот кривичен суд, каде се враќе по повеќе од една деценија, а по истек на мандатот директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Извори од кривичниот суд за телевизија „24“ потврдуваат дека Арнаудовска си заминува од судот, и покрај тоа што и не влегла во него.

„Во текот на вчерешниот ден до судот пристигна решение со кое се потврдува дека судијката Анера Арнаудовска повеќе не е судијка во кривичниот суд иако по нејзиното заминување од Академијата за судии и јавни обвинители самата побарала да се враит во кривичниот суд. Судските служби во текот на денешниот ден ја одјавија Арнаудовска и таа и формално повеќе не се води како вработена во Осонвниот суд Скопје 1- Скопје“ – велат оттаму.

Нашите извори велат дека Арнаудовска, пред две седмици кога си замината од Академијата писмено се обратила до судот со известување дека планира да се врати, но дури откако ќе го искористи годишниот одмор. Арнаудовска, по истекот на годишниот одмор, наместо на работа, се обратила до Судскиот совет од кого побарала да ја разреши. Иако заминувањето на Арнаудовска се доведуваше во котекст на изрекување на мерката притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, сепак, тоа не е точно. Наши извори од судот велат дека Арнаудовска не учествувале во одлучувањето за двајцата притворени. Анета Арнаудовска кон крајот на октомври 2006. година беше избрана за прв директор на Академијата за судии и јавни обвинители, а н нејзијната смена се случи неодамна што ќе каже дека таа на фуницијата остана повеќе од 12 години. Во октомври 2016. година, Арнаудовска, две години по истекот на мантдато, беше видена како нова претседателка на скопскиот кривиченм суд, односно како наследничка на тогашниот претседател Владимир Панчевски, а имаше и шпекулации спортед кои таа требала да замине во Републичкото обвинителство на Марко Зврлевски. Последниот скандал кој се доведе во врска со Арнаудовска беше одлуката на Управниот одбор на Академијата на Јово Вангеловски, Зоран Караџовски и на Коле Штериев да им се исплаќа месечен паушал од по 10.000 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here